По повод 20 Ноември – Светскиот ден на детето, во нашата Гимназија беше реализирана активност за промоција на ученичкиот правобранител. Активноста беше организирана со цел учениците да се запознаат со улогата и надлежностите на ученичкиот правобранител, како и со своите права и механизмите за нивна заштита.



Преку презентација, интерактивно учениците добија можност да дознаат кому можат да му се обратат доколку се соочат со повреда на своите права. Со оваа активност се истакна важноста на почитувањето на детските права, ученичкото учество и создавањето училишна средина во која секој ученик ќе се чувствува слушнато, почитувано и заштитено.
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026