Гимназијалците како вистински пратеници во Европскиот парламент
Во рамките на проектот „Младите за ЕУ“ група гимназијалци заедно со нивните училишни лидери, млади амбасадори, во изминатиот месец се подготвуваа за едукативна симулација на Европски парламент.
Симулацијата се одржа во зградата на локалната самоуправа на Општина Прилеп, на 17.11.2026 и броеше повеќе од 200 вклучени ученици.
Целта на истата беше младите да стекнат подетални познавања на структурата и функционирањето на институцијата Европски парламент како и барем еден ден да ја имаат улогата на европратеници.
Гимназијалците во текот на повеќето сесии на симулацијата зедоа активно учество во работата по комитети, покажаа критичко размислување и бранеа став на однапред зададена политичка партија.
Учениците поднесуваа амандмани, аргументирано ги застапуваа ставовите на зададена политичка група и ги имплементираа истите.
Преку јавените говори се потврдува како ваквата симулација го прошири нивниот поглед за практичната примена на организациски способности, но и како ги поттикна да размислуваат во насока на пошироките политики на ЕУ.
Ваквите придобивки ќе имаат можност да ги обликуваат и во следните активности од повеќемесечниот проект и тоа преку претстојната симулација на Совет на ЕУ.
Марија Матеска