Во рамките на манифестацијата „Ноември – месец на науката-2026“, на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржаа натпревари на млади истражувачи.
На 21-11-2026 год. се одржа натпреварот по хемија на кој претставувајќи ги своите креативни и истражувачки експерименти, учествуваа наши ученици, гимназијалци кои постигнаа одлични резултати:
Под менторство на проф. Блаже Димески:
🥇Прва награда
Димитар Илијески и Ена Беличанец
🥈Втора награда
Марко Кузевски
🥈 Втора награда
Ева Стеваноска

Под менторство на проф. Ружа Ангелеска:
🥉Трета награда
Андреј Вршкоски

Овие награди се потврда дека љубопитноста, посветеноста, тимската работа и желбата за истражување водат до одлични резултати.
Браво за натпреварувачите од нашето училиште и нивните ментори!
На учениците им честитаме за постигнатиот успех и им посакуваме уште многу нови научни откритија и достигнувања!
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026