По повод 16 ноември – Светскиот ден на толеранцијата, во нашата Гимназија се одржа интерактивна работилница на која учениците преку динамична тимска игра имаа можност на практичен начин да ја откријат вистинската вредност на соработката, меѓусебната доверба и конструктивната комуникација.
Настанот го заокруживме со отворена дискусија, каде учесниците ги споделија своите впечатоци за тоа колку лесно може да се наруши довербата, но и колку се важни простувањето, трпението и отворениот дијалог за да се прекине кругот на неразбирање и да се изгради здрава околина.
Благодарност до сите учесници за енергијата, искреноста и подготвеноста да учиме заедно!
Да продолжиме да ја негуваме толеранцијата секој ден, не само денес! 🌍❤️
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026