Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Честит Ден на учителите, на професорите!
Матурантите од Гимназијата „Мирче Ацев“ со пригодно обраќање им го честитаа празникот на наставниците

Секој 5 Октомври светот го одбележува Светскиот ден на учителите – ден посветен на сите оние кои секојдневно ги инспирираат, поддржуваат ги  насочуваат новите генерации кон знаење, вредности и одговорност.

По тој повод матурантите од  Гимназијата „Мирче Ацев“  организираа настан и со пригодно обраќање им го честитаа празникот на наставниците.

дел од наставниците

за денот на учителот

рецитираат

„Денес, не сакаме да ви честитаме само затоа што така налага празникот.

Честит Ден на учителите, на професорите!

Но, овие зборови нека бидат многу повеќе од празнична формалност. Нека бидат признание. Ви благодариме.

Вашата работа не се мери само во часови, туку во животи што сте ги инспириралеи вовредности што ќе траат со генерации.

Знаењето се пренесува со зборови, но вредностите се пренесуваат со пример. Ви благодариме што сте пример. 

Учител е оној што не само што отвора книги, туку и отвора хоризонти. Ви благодариме за секој нов хоризонт. 

Нека Ви е честит Денот на учителот!“  - порачаа учениците.

За секој наставник учениците имаа подготвено честитки со пораки за благодарност. 

ученици и честиткичеститки со поракиорганизација

Настанот беше организиран под менторство на професорката Весна Михаиловска а учествуваа учениците Лаура Кајџаноска, Илин Ристески, Михаела Андриеска и Горјан Петрески.


Објавено на: 07-10-2026

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија