Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Нов државен натпревар по Македонски јазик, нова државна награда од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“
Ивана Атанасоска и оваа година во врвот! Освои второ место на државниот натпревар по Македонски јазик

Ивана Второ место по македонаки јазик

Денес, 9.5.2026 год, во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје се одржа Државниот натпревар по Македонски јазик и литература за ученици од IV година - за матурантите.

Нашата ученичка Ивана Атанасоска е новиот вицешампион со фантастичен резултат со што се продолжува низата на одлични резултати во последните неколу години на Ивана, на менторот Мартин Наумоски и секако, на Гимназија „Мирче Ацев“.

Имено, Ивана во своето четиригодишно гимназиско образование имаше исто толку учества на државен натпревар и освои дури две први места (II и III година и две втори места во I и IV година). Ментор во сите овие години беше проф. Мартин Наумоски.

Уште еднаш се покажува дека Гимназијата во Прилеп е вистински расадник на ученици кои со квалитет и љубов го негуваат мајчиниот јазик и покажуваат како се сака и како се почитува истиот.

Во последните 5 години, државниот натпревар по Македонски за гимназијалците донесе ЧЕТИРИ ПРВИ МЕСТА, ДВЕ ВТОРИ И ЕДНО ТРЕТО што е фантастичен успех на сите инволвирани.

Честитки за Ивана, менторот и Гимназија „Мирче Ацев“. Нека се множат успесите.


Објавено на: 09-05-2026

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија