Европската Олимпијада во Вештачка Интелигенција (ЕУРОАИ) се оддржа од 14-19 Јули 2026, на Универзитетот „Бабеш Болјаи“ во Клуж Напока, Романија.

На оваа Олимпијада учествуваа средношколци, натпреварувачи, од 23 најдобро пласирани земји од Европа меѓу кои и од Македонија, како и гости од осум држави од други континенти.
Македонскиот тим беше составен од учениците Благој Рујаноски Стојановски од Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, Тодор Пљаков од велешката гимназија, како и Андреј Ангелов и Анастасија Пецевска од државната математичко-информатичка гимназија. Водачи на тимот беа м-р Владислав Бидиков и м-р Димитар Милески* од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
Натпреварот се состоеше од два натпреварувачки дена. Задачите беа од областа на вештачка интелигенција, каде учесниците требаше да програмираат модели кои ќе решаваат одредени задачи како на пример: Анализа на слики, обработка на текст, предвидување на позиции на небесни тела, енкрипција и декрипција...при што не треба да применуваат веќе познати решенија, туку треба решенијата сами да ги креираат.
Македонскиот тим оствари извонреден успех, при што Благој Рујаноски Стојановски, Андреј Ангелов и Тодор Пљаков освоија бронзени медали.


Браво за сите ученици и нивните ментори!



На нашиот ученик Благој Рујаноски Стојановски ова му е втор бронзен медал оваа година освоен на меѓународни олимпијади за вештачка интелигенција. Во февруари, на зимската средношколска Олимпијада по Вештачка интелигенција во Љубљана, Словенија, Благој освои бронзен медал.
Училишен ментор на Благој му е професорката по информатика Анета Стојческа.
*(Димитар Милески е поранешен ученик на нашата Гимназија кој своевремено учествуваше на натпревари по информатика и освојуваше награди.)
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026