
Во периодот од 18 до 20 мај, во Струмица се одржа Саемот за социјални иновации, на кој учествуваа победничките тимови од сите 16 училишта вклучени во програмата UPSHIFT – социјални иновации. Програмата е организирана од LEAD во соработка со UNICEF, Министерство за образование и наука и Биро за развој на образованието, со финансиска поддршка од Шведска.
Победничкиот тим од нашето училиште „Clean City“ беше дел од овој значаен настан и активно учествуваше во сите предвидени активности.
Тимот, составен од учениците Софија Димитриеска, Теодора Крстеска, Јована Илијоска, Филип Зографоски и Сергеј Гиноски, заедно со училишниот социолог Евда Спиркоска, работеше на доразвивање на својот прототип, вмрежување со други млади иноватори и презентација на своето решение пред претставници на општините и други релевантни институции.
Учеството на саемот претставуваше можност учениците да стекнат нови искуства, да разменат идеи и да ги унапредат своите вештини во областа на социјалните иновации и тимската работа.
Во периодот што следува, со финансиската поддршка од здружението LEAD, учениците ќе работат на реализација на својата идеја и нејзино претворање во конкретно решение кое ќе придонесе за почиста и подобра заедница.
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026