Минатата недела во нашето училиште се одржа натпревар помеѓу ученички тимови во рамките на програмата UPSHIFT – социјални иновации, организирана од страна на LEAD во соработка со UNICEF и Биро за развој на образованието.
Учениците, под менторство на училишниот социолог Евда Спиркоска, работеа на развивање иновативни идеи насочени кон решавање реални проблеми поврзани со загадувањето, отпадот, енергијата и заштитата на природата.
Нашето училиште успешно го претставија два ученички тима:

„Wallstreet Minds“ со учениците Глигор Иваноски, Софија Иваноска, Марин Христоски, Леона Фукароска, Давид Гулески и Никола Здравески и

„Clean City“ со учениците Софија Димитриеска, Теодора Крстеска, Јована Илијоска, Филип Зографоски и Сергеј Гиноски.
Проектите беа онлајн презентирани пред стручна комисија и оценувани според критериумите за иновативност, одржливост и општествен придонес.
Со својата креативна идеја и посветеност, победник на натпреварот е тимот „Clean City“, кој ќе добие финансиска и менторска поддршка за реализација на проектната идеја.

Им честитаме на победниците, но и на сите ученици кои со својата работа покажаа креативност, тимска соработка и грижа за животната средина. Горди сме на нивниот успех и посакуваме уште многу идни достигнувања!
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026