Ученикот-правобранител при СОУГ „Мирче Ацев“ – Прилеп, Софија Настоска, заедно со нејзиниот тим, од почетокот на новата учебна година одржаа неколку работилници на тема: „Од ученик за ученик“.
Работилниците се одржаа во просториите на Гимназијата со учениците од прва година.

Главната цел на овие работилници, беше запознавање на учениците со функцијата ученик-правобранител, збогатување на нивните знаења за неговата улога во образовниот процес и поттикнување на позитивна атмосфера во училиштето како и меѓусебна соработка.
Покрај кратката презентација, работилниците беа збогатени и со асоцијација со поими поврзани со училишниот живот и класната заедница, активност во која учениците најмногу уживаа.

.jpg)
Главната порака што им беше пренесена е дека взаемното почитување и заедничкото учество се клучни за создавање средина во која секој ученик ќе се чувствува слушнато, вреднувано и прифатено.
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026