Во Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп континуирано се одржуваат поетски и музички настани. Од 2010 година по повод Патрониот празник на училиштето во последните денови на месец декември започнаа да се организираат поетско-музички настани, наречени „Поетски вечери“ посветени на еден автор или со одредена тематика.
Иницијатори на овој настан беа професорките Весна Михаиловска и Ленка Јованоска, со поддршка на професорката Татјана Ивановска, а техничката реализација беше на професорот Николче Богданоски.
Во подготовката и реализиацијата на овој настан кој стана традиционален, низ годините се вклучија и други професори и училишен персонал.
Покрај оваа традиционална декемвриска поетска вечер, во училиштето, со или без повод, се организираат и други поетско - музички манифестации на нашите ученици и професори, исполнети со поезија, музика, другарување и незаборавни моменти.
Првите две изданија на овој поетско-музички настан се реализираа во просториите на Градска библиотека „Борка Талески“ Прилеп.
Од 2013 година поетските вечери се организираат на различни локации, најчесто во некое од градските кафулиња.
Во време на корона пандемијата и во времето кога се реновираше училиштето, ваквите поетско-музички настани се реализираа со видео записи направени во спомен куќата на Блаже Конески во с.Небрегово и на јавни површини низ градот и пошироко.
Во Македонија, ниту едно училиште не може да се пофали со олку и вакви настани за ширење на култура, љубов кон поезијата и музиката, негување на македонскиот јазик и традиција, дружење, прекрасно поминати моменти и исполнето време со среќа и задоволство.
Традиционална петнаесетта по ред декемвриска поетска вечер во „Кафетерија“ на 26.12.2024 год.
Поетска вечер „Божилак“
Плакатот на поетската вечер „Со љубов за Рацин“
Поетска вечер „100 Години Блаже Конески“ (во време на Ковид пандемијата) 19.12.2021
Поетска видео презентација „Бели мугри“ 05.05.2020 год. (во време на Корона пандемијата)
Плакатот на десеттата поетска вечер која се одржа на 25 Декември 2019 г. во Арт кафе Апореа, насловена како „Само дома си е дома“
Поетско-музички настан „Креирај убавина, креирај среќа“ - 07.03.2019
Плакатот на поетската вечер именувана како „Љубовден“ реализирана во „Арт кафе Апореа“ во 2018 год.
Фотографија од потско-музичкиот настан на странски јазици „Љубовен колаж од четири бои“ во Арт кафе – Апореа на 07.06.2018
Плакатот на поетско-музичката вечер именувана како „Поезија во чаша“ реализирана во кафулето „Virus“ во 2018 год.
Плакатот на поетската вечер именувана како „За животот и љубовта“ реализирана во кафулето „Арт кафе Апореа“ во 2017 год.
Фотографија од музичко-поетскиот настан „Низ звуците на поезијата“ реализиран на 20.03.2017 во „Take Five“
Плакатот на поетската вечер именувана како „Треперења“ реализирана во кафулето „Арт кафе Апореа“ во 2016 год.
Фотографија од музичко-поетскиот настан „Гимназиска седенка“ реализиран на 14.02.2016
Плакатот на поетската вечер именувана како „Времеплов“ реализирана во кафулето „Вирус“ во 2015 год.
Фотографија од музичко поетскиот настан „Фолклорот не е мртов“ одржан на 14.02.2015 год.
Фотографија од поетската вечер „Македонија“ одржана на 30.12.2014

Плакат на поетската вечер по повод Св. Трифун, празникот на виното, во Арт кафе Апореа.

Плакатот на првата поетска вечер именувана како „Незаборав“ реализирана во кафулето „Take five“ во 2013 год. и воопшто, прв ваков настан во Македонија

Фотографија од втората поетска вечер во Градска библиотека „Борка Талески“ Прилеп, одржана на 29.12.2012 год.
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026