МК | EN | FR | DE
На 26.12.2024 година, со почеток во 19 часот, во „Кафетерија“, СОУ ГИМНАЗИЈА „Мирче Ацев“ ја приреди традиционалната ПОЕТСКА ВЕЧЕР со хуманитарен карактер. Оваа година поетската вечер се одржа по петнаеесетти јубилеен пат и беше посветена на творештвото и постоењето на македонски поети современици на нашето живеење.
Гимназијалците преку интерпретација на современа поезија го насликаа лавиринтот наречен живот, низ сите падови и вивнувања на човекот, за социјалните неправди, па преку љубовта како смисла на постоењето ја изразија надежта како добродетел на човекот. Рецитациите на учениците беа надополнети со звуците на убавата музика која ја интерпретираа талентираните гимназијалци.
Со рецитации ќе настапија учениците: Евгенија Димитриовска, Лаура Кајџаноска, Андреј Вршкоски, Ана Цветаноска, Софија Ристеска, Искра Спиркоска, Матеј Филипоски, Софија Оџаклиеска, Стојче Бозоски, Кристијан Илиоски, Матеја Илијеска, Леонид Гешоски, Илин Ристески, Михаела Андриеска, Софија Димитриеска, Марија Апостолоска, Симона Тасеска, Ана Јованоска и Сара Пројческа, под менторство на професорите по Македонски јазик и литература: Дарко Ристески и Филип Ристески.
Со свои музички настапи се претставија учениците: Миа Трајкоска, Ана Цветаноска, Сергеј Стевананџија, под менторство на професорката по Музичка уметност Татјана Ивановска.
Оваа вечер не можеше да се реализира без несебичната поддршка на директорката на гимназијата Весна Михаиловска.
Техничката поддршка на настанот бешe на Тони Свеќароски.
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ му изразува голема благодарност на Гоце Ристески кој со драга волја ни го отстапи просторот на „Кафетерија“.
Фотографија:
Сара Атанасоска
Елена Јандреовски
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.