Во конкуренција од 363 ученици од 93 држави на 58 та Светската олимпијада по хемија (IChO) која се одржа од 9-19 јули 2026 год во Ташкент Узбекистан ученичката Теона Ана Георгиевска од ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје освои бронзен медал.

Георги Николоски од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, Даниел Христов од СОУГ „Славчо Стојменски“ Штип и Даниел Христовски од ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје добија пофалници што претставува голем успех за тимот од Република Македонија затоа што пофалниците се со по неколку бодови помалку од медалите.



Подготовките за олимпијадата беа организирани од СХТМ, а беа вклучени поранешни олимпијци, сега студенти на Институтот по хемија од ПМФ, како и соработници, асистенти и професори од Институтот за хемија Скопје.
Честитки за учениците, нивните ментори и сите инволвирани во напредокот и успехот на тимот на Република Македонија.
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026