Оваа година се обележаа 80 години од Азбуката и Правописот на македонскиот стандарден јазик. Фондацијата КЕЦ Небрегово, по тој повод организираше настан на 4.9.2025 година во спомен-куќата на Блаже Конески. На овај настан насловен „Зборот на Конески и гајдата на Пеце“ зеде учество и СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп.
Во духот на нашиот литературен јазик и во чест на големиот Блаже Конески, ученици од нашето училиште рецитираа стихови од „Везилка“ на Блаже Конески.
Голема благодарност до нашите Илин Ристески и Искра Спиркоска коишто со својата рецитација им ги стоплија душите на сите присутни.
Остануваме посветени на јазикот наш и таа грижа е наша должност и обврска како професори и едукатори. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп се закити со Благодарница на којшто беше ставена песната „Збор“ од Блаже Конески.
фотографија:
Евгенија Димитриовска и
Софија Настоска
Делото на Блаже Конески не им е туѓо на нашите ученици. Неговите стихови често се рецитираат на многубројните поетски вечери и слични училишни приредби, а неговиот труд за кодификација на македонскиот јазик е составен дел на образовниот процес.
Гимназијалците во 2021 година на Блаже Конески му посветија должна почит снимајќи во неговата спомен-куќа во Небрегово прекрасен поетски видеозапис.
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026