
На 07.03.2026 година во просториите на Институтот по математика, при ПМФ, се одржа Државниот натпревар по математика. На истиот учество зедоа и ученици од нашата гимназија и ги постигнаа следните резулати:
Михаил Живковиќ од четврта година, освои II награда - под менторство на професорката Евгенија Нешкоска,
Васил Локвенец од втора година, освои III награда. Ментор на Васил е професорката Афродита Стефаноска.
И двајцата се пласираа за учестви на Македонската математичка олимпијада.
Покрај нив, учество на Државниот натпревар зедоа и Глигор Иваноски, Софија Иваноска, Христина Николоска и Никола Здравески од прва година, под менторство на професорката Антонија Г. Петкоска и Теодора Ѓорѓиeска под менторство на проф.Афродита Стефаноска.
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026