Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Македонистите од Гимназија „Мирче Ацев“ најдобри во регионот
Гимназијалците, најдобри на натпреварот по македонски јазик

Македонистите од Гимназија „Мирче Ацев“ најдобри во регионот На 25.04.2026, во ООУ „Гоце Делчев“ се одржаа Регионалните натпревари по Македонски јазик и литература. На истите, гимназијалците покажаа одлични резултати и дури четири ученици се пласираа на Државниот натпревар.

Ивана Атанасоска од IV година освои 95 поени, а Марија Матеска од прва година 85 поени.

И двете ученички се под менторство на проф. Мартин Наумоски.

Пласман на Државниот натпревар имаат и учениците од втора година Мила Вршкоска со 92 и Јована Тодороска со 79 поени, под менторство на проф Емона Јованоска.

Успешно учество, имаше и ученикот Матеј Комициоски под менторство на проф Христина Кочоска.

македонски-регион

Им посакуваме успех и одлични резултати во иднина.


Објавено на: 01-05-2026

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија