Гимназијалците со својата креативност успешно ја претворија приказната во уметност
Од 25-27 септември во Крушево се одржа eTwinning работилница при Национална агенција за Европски образовни програми и мобилност на која учествуваа пет училишта од нашата држава.
Прилепските Гимназијалци Марија Андоновска, Нина Самарџиоска, Анастасија Солевскa, Марија Трајаноска, Каја Бошкоска и Марија Талеска со својата креативност, ликовно изразување и тимска работа создадоа ликовно дело со наслов „Шепотот на природата“ како дел од заедничка изложба.
Тридневната работилница беше исполнета со соработка и поврзување на учениците и професорите.
Гимазијалците твореа под менторство на проф.по ликовна уметност Гордица Димитриевска Груеска