Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Ново раководство на Ученичкиот совет
Прилепските гимназијалци избраа ново раководство на Ученичкиот совет

На 30 септември во просториите на училиштето, гимназијалците застапувани од сите претседатели на класовите или нивните заменици го избраа ново раководство на Ученичкиот совет.

Учениците имаа можност со гласање да го изберат тимот кој ќе ги претставува во текот на новата учебна година.

избори во гимназијата

Кандидати за функциите беа Стефани Петреска од прва година, Софија Димитриеска и Евгенија Димитриовска од трета година.

избори во гимназијата

По завршувањето на изборите, Евгенија Димитриовска беше повторно избрана за претседателка на Ученичкиот совет. На Евгенија ова ѝ е втор последователен мандат, што е доказ за довербата и поддршката што ја има меѓу соучениците.

За заменик претседател е избрана Софија Димитриеска, а Стефани Петреска ќе ја извршува функцијата секретар.

Новоформираниот тим вети дека ќе продолжи активно да работи на подобрување на ученичкиот живот, реализирање креативни проекти и поттикнување поголема вклученост на учениците во училишните активности.

Им посакуваме успех во работата и многу реализирани проекти и активности од интерес на учениците.


Објавено на: 08-10-2025

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија