
На 03 декември, по повод Меѓународниот ден на лица со инвалидност, група ученици од Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, го посетија Центарот „Ѕуница“ – местото каде што секој згрижен растe и се развива.
Овој ден потсетува дека хуманоста не е само гест, туку наша обврска да помагаме во секое време. Оваа посета беше само мала искра на внимание, разбирање и подадена рака. Секој човек заслужува топлина, љубов и место каде што ќе биде безусловно прифатен.
Во духот на солидарноста и човечноста, гимназијалците донираа правосмукалка и ќебиња за секој згрижен во центарот, како симболична поддршка за нивниот комфорт и достоинствено секојдневие.
Со благодарност до Центарот „Ѕуница“ за нивната посветеност и со искрена желба нашата мала донација да донесе голема удобност, ние продолжуваме да градиме свет во кој секој има свое место, своја вредност и своја светлина. И запомнете, разликата е дар, а не попречување!
Средставата за донацијата ги обезбедија учениците и вработените во гимназијата со спроведената хуманитарна акција во понеделникот на 01.12.2025 год. Организатори на акцијата беа Ученичкиот совет, хуманитарниот сектор и ученикот-правобанител.
Дел од собраните средства беа донирани за лице кое треба да се лекува во странство, а останатиот дел беше искористен за згрижените во Центарот „Ѕуница“.
Софија Димитриеска иСофија Настоска
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026