Гимназијалците успешни на општинскиот натпревар по хемија
Продолжуваат успесите на прилепските гимназијалци, имаа одличен пласман на општинскиот натпревар
На 20-02-2026 год во просториите на СОУ ГИМНАЗИЈА "МИРЧЕ АЦЕВ" ПРИЛЕП се одржа општинскиот натпревар по хемија на кој според перцентилниот ранг како и вообичаено учениците од Гимназија се пласираа за регионалниот натпревар:
Под менторство на проф.Блаже Димески од прва година:
- Глигор Ивановски 100% реализација (I) награда
- Марко Кузевски 93% (I) награда
- Марин Христоски 93% (I) награда
- Марија Ангелеска 86% (II) награда
- Никола Атанасоски 80% (II) награда
- Софија Иваноска 76% (III) награда и во втора година
- Ангела Петрески 66% пофалница
Под менторство на проф.Ружа Ангелска учениците од четврта година:
- Марија Митреска 83% (II) награда
- Александар Велјаноски 83% (II) награда
- Георги Николоски е директно пласиран за регионалниот натпревар затоа што е во најтесната селекција за олимписки тим за кој ќе се натпреварува на 27 ми и 28 ми февруари на ПМФ-ИНСТИТУТ за хемија во Скопје.
Објавено на: 05-03-2026