Вчеравечер (10.12.2025 ), по повод „Меѓународниот ден на човековите права“ во салата на Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, Ротари клубот од Прилеп ја реализира Првата градска ораторска вечер, со наслов: „Правото на изразување, без цензура и ограничување“.
Пред преполна сала со публика, своите ставови и ораторски вештини имаа можност да ги покажат 19 ученици од средните училишта од Прилеп. Меѓу нив дури девет ученици беа од нашата Гимназија. Во гимназијата, ораторството традиционално се негува преку одржување на ораторски вечери со натпреварувачки карактер уште од 2014 година, но ова е првпат средношколци да се натпреваруваат на општинско ниво.
Сите оратори имаа успешни настапи и секој на свој начин се претстави пред публиката која знаеше да ги награди со бурен аплауз, задоволна од виденото и слушнатото и од ставовите на младите луѓе полни со бунтовност, критички став кон негативностите на сегашноста и идеи за подобро утре без цензура и ограничување.
Гимназијата успешно ја претставија учениците:
Од нив најдобар впечаток кај стручното жири и кај публиката остави Евгенија Димитриовска, која со својот настап ги остави присутните без зборови. Присутните молкум и со целосна концентрација го слушаа секој нејзин збор, го следеа секој нејзин гест и секој нејзин став по клучното прашањето на ораторската вечер. На крајот со воздишки и измешани емоции настапот на Евгенија беше награден со силен и долготраен аплауз.
Токму поради тоа Евгенија Димитриовска го освои првото место на овој прв градски натпревар по ораторство.
Мила Вршкоска, ученик во втора година во нашата Гимназија го освои третото место
Второ место беше ученикот од СОУ „Ѓорче Петров“, Марко Костадиноски
Ментор на Евгенија ѝ беше професорката Весна Михаиловска, на Мила, професорката Емона Јованоска и на Марко, професорката Билјана Тинтоска.
Ораторската вечер имаше натпреварувачки карактер. Сите учесници – оратори добија дипломи за учество на ораторската вечер, а наградените добија пехари, дипломи и парични награди.
Браво за сите гимназијалци, оратори, кои настапија на оваа ораторска вечер и браво за нивните ментори кои ги подготвуваа.
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026