
ЗЕМЈАТА НА МОЕТО ПОСТОЕЊЕ
Кога пристигна патникот
oд таа далечна земја,
тој виде народ поседнат крај патот.
Што носиш –го прашаа?
А тој покажа врзана шамија со земја.
Кога ја истури земјата,
Татковина е тоа- рече тој
и храбро и достоинствено
ја претстави на народот свој.
Еве ме повторно тука,
овде на овие ниви,
под лозите заплеткани,
под сенките на тешките ридови.
Овде покрај жуборливите шепотење на реките,
покрај езерата лични и планините вишни,
ја препознав-рече тој,
земјата на славата и пролетните зори,
ја препознав земјата на вербата и надежта што гори.
Македонија е земја
со патишта заплетени
велат одамна било тоа,
но сказната стара буди спомен жив
и секогаш кога в срце бол ќе сетам
јас станувам тажен и пркосно див.
Стојам овде пред сите вас,
ветрот беснее над нашите глави.
но јас целосно препуштам
мислите да ме водат,
и да се потсетам на времето
одамна што се збило.
Можеби мојот живот
среќен или несреќен
секогаш бил некако чуден
но никогаш љубовта
кон својата земја
не ја мерев со кантар студен.
Низ туѓи градови и села
раскажував за нејзината убавина
ги величев нејзините големи дела,
зашто бавно но сигурно
го отфрли непријателот свој
и не даде никој да и суди.
И сега еве ме повторно тука,
ја враќам таа прашлива земја
што грижливо ја носев под туѓите стреи
но сега таа е грутка мала,
потопена со солзи од страдањата мои.
Со поглед остар и желба цврста
додаде патникот мачен:
сега нека се гребне,
тој што ќе ја грабне,
нека пати тој што не умее да ја сфати
недопирливата тајна на нејзината убавина.
Патникот со исправена глава
погледна кон луѓето и рече:
- на вашите лица им прилега сонцето,
-на вашите срца им прилега љубовта
-на мојата родна земја и прилега само слободата
Зашто таа е земјата на моето постоење.
Ангела Велеска III-5
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци