МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Филип Николоски, гимназијалец што плива во маратонски води

филип николоски

   Гимназијата е ризница и извор на таленти. Уште една успешна приказна доаѓа од нашиот ученик во втора година, Филип Николоски кој настапи на 45-от јубилеен Илинденски пливачки маратон Горица-Охрид во должина од 2,5 км на кој учествуваа над 70 пливачи кој се одржа на 02. август 2024.

   Филип го сака пливањето и 9 години ги истражува тајните на овој спорт. Подготовките и тренинзите за маратонот се реализираа на градскиот базен и Прилепското езеро под менторство на проф.Даниел Василески.

   За својот настап Филип изјави:  „Пливањето беше задоволство но истовремено и макотрпно. Сакав да го реализирам овој предизвик. Успеав и сум многу среќен.“

   Проф. Василески за Филип и неговиот настап: „Се подготвувавме активно 2 месеци. Филип одговори на обврските и зададените задачи и успешно се претстави во Охрид. Ова е голем успех пред се за Филип, за Гимназија Мирче Ацев, за Прилеп. Филип е еден од моите ученици кој ја продожи традицијата на претставници од Прилеп кои настапија на маратонот.
Благодарност до сите кои не поддржаа.“

   Малиот маратон е предвесник на големи пливачки имиња, и голем предизвик за секој пливач.

   Браво Филип!


Објавено на: 03 Авг 2024

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија