МК | EN | FR | DE
По повод 80 години од ослободувањето на Прилеп од окупаторот, во големата сала на Домот на кутурата „Марко Цепенков“ се одржа свечена Седница на Советот на општина Прилеп, на која доделени беа Третоноемвриските награди.
Оваа година, оваа престижна награда ѝ беше доделена и на нашата ученичка Ивана Атанасоска која ја претставуваше нашата Гимназија, Прилеп и Македонија на Светската олимпијада по геонауки во Пекинг. Од таму Ивана се врати со два бронзени медали.

Ивана за наградата им се заблагодари на Градоначалникот, претседателката на Советот на општина Прилеп и на Комисијата за избор.

Во своето излагање при доделувањето на наградата таа посебно им се заблагодари и на својата менторка, професорката Виолета Проскоска Велкоска, своите наставници, директорката на училиштето, соучениците и сите кои ја поддржуваа на патот до успехот.

Честитки !!!
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.