МК | EN | FR | DE
На 17-тата Светска олимпијада по геонауки IESO2024, која овој месец се одржа во Пекинг, Кина, член на македонската натпреварувачка репрезентација беше и нашата ученичка Ивана Атанасоска.
Ивана се натпреваруваше во две категории и постигна одличен резултат освојувајќи два бронзени медали.

Во конкуренција од 140 натпреварувачи од 35 држави од целиот свет, Ивана освои бронзен медал во категоријата „Индивидуален тест на знаење“.
Вториот бронзен медал го освои во категоријата „Интернационална тимска презентација“



Македонија на олимпијадата ја претставуваа четири ученици и сите се закитија со по некој медал и тоа: Михаела Павловска од Македонска Каменица - сребрен; Милена Ангелова од Делчево - два бронзени медали, Атанас Ташковски од Крушево - бронзен медал и Ивана од Прилеп - два бронзени медали.
Македонската олимписка репрезентација ја водеа проф. д-р Ивица Милевски и проф. д-р Свемир Горин од Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Успехот на Ивана следеше по интензивните подготовки во гимназијата „Мирче Ацев“ - Прилеп со училишниот ментор, професорката по географија Виолета Проскоска Велкоска и две контролни проверки на Институтот за географија при ПМФ.
Ова е најголем интернационален успех на Ивана, која претходниве две години нижеше успеси на многу државни натпревари по географија, македонски јазик, биологија, англиски јазик, физика ...
БРАВО!
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.