Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Гимназијалци на самиот врв на интернационален натпревар по германски јазик
На натпревар со учесници од целиот свет, нашиот тим блесна како апсолутен победник

На меѓународниот младински натпревар „KIKUK“– Вештачка интелигенција креативно и критички“ под мотото „Мојата иднина со ВИ“ - иновативен проект, кој обедини учесници од целиот свет, нашиот тим блесна како апсолутен победник.

победничка фотографија

Гимназијалците, ученици во трета година: Бојан Филипоски и Петар Граороски го освоија првото место и поставија нови стандарди со својата креативност, знаење и исклучителен тимски дух.

„Генијалната креативност на двајцата гимназијалци испреплетена со желбата, ентузијазмот и љубовта кон изучувањето на германскиот јазик ги доведе Петар и Бојан на светскиот врв!“ – вели нивната професорка Елена Келтаноска Лашкоска.

Резултатите од натпреварот се следните:

1. место: Македонија

What Don't You Want to Forget? / Was willst du nicht vergessen?

2. место: Босна и Херцеговина & Тајван

Hinter dem Nebel (Beyond the Fog) 《霧後》

3. место: Босна и Херцеговина & Пакистан

Честитки до сите учесници, а на нашиот победнички тим и професорката по германски им посакуваме и во иднина уште многу големи успеси!

лого-натпревар

Погледнете го нивното прекрасно дело овде: 

https://what-dont-you-forget.netlify.app/


Објавено на: 15-05-2026

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија