Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Гимназијалецот Георги Николоски ќе ја претставува Македонија на олимпијадата по хемија во Москва
Традицијата на учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ со поголеми афинитети кон хемијата продолжува.

georgi

Со големо задоволство и огромна гордост објавуваме дека нашиот ученик Георги Николоски ученик во IV година во СОУ ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ ПРИЛЕП кој во континуитет од претходните три школски години под менторство на проф.Ружа Ангелска убедливо го освојува првото место на државниот натпревар по хемија, но и неуморно се подготвуваше за светската сцена, така што оваа година се пласираше за учество и натпревар на престижната Руска International Mendeleev Chemistry Olympiad (IMChO), која во текот на месец април ќе се одржи во Москва -Русија. 🧪🥽🌍

Овој извонреден успех е резултат на неговата посветеност, истрајност и исклучителни знаења од областа на хемијата👏🧑🏻‍🔬🥼

Учеството на ваков интернационален натпревар претставува чест не само за ученикот, туку и за нашето училиште и држава 🎓

Му посакуваме многу успех и одлични резултати во понатамошниот тек на олимпијадата која претставува една од најрепрезентативните светски олимпијади 🍀️️🧫⚗️⚖️🧪✨️🍀


Објавено на: 10-03-2026

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија