Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Прилепските гимназијалци ја претставуваа Македонија на Европското првенство по географија
Нашите ученици се први и единствени учесници од Македонија на европското првенство по географија

Учениците Глигор Иваноски, Леона Фукароска, Никола Здравески, Софија Иваноска и Марин Христоски, под менторство на професорката Александра Ристевска, успешно учествуваа на Европското првенство по географија кое се одржа на 29 и 30 мај 2026, во Берлин, Германија.

европско-берлин 26

Со своето знаење, посветеност и натпреварувачки дух, тие испишаа историја како први и единствени учесници од Македонија на ова престижно меѓународно академско натпреварување.

Нивното учество претставува значаен успех и инспирација за младите таленти во нашата држава.

Натпреварот собра ученици од бројни земји од Западна Европа, меѓу кои Велика Британија, Швајцарија, Германија и Франција, а меѓу учесниците имаше и претставници од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), што дополнително ја потврдува неговата меѓународна важност и високото ниво на академска конкуренција.

Им честитаме за храброста да се натпреваруваат на европско и меѓународно ниво, за достојното претставување на Македонија и за покажаната љубов кон географијата.

Посакуваме ова искуство да биде поттик за уште поголеми успеси во иднина.


Објавено на: 12-06-2026

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија