Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Гимназијалците повторно најдобри по англиски на општинскиот натпревар
Сите шест кандидати од нашето училиште ќе продолжат на регионалниот натпревар


natprevar po angliski

На14.03.2026 во организација на ELTAM МК (Ацосијација на наставници по англиски јазик на Мaкедонија), се одржа општински натпревар по англиски јазик за средните општински училишта. Гимназијата по четврт пат беше домаќин на овој натпревар.

Нашите гимназијалци повторно докажаа дека се најдобри. Сите шест кандидати од нашето училиште ќе продолжат на регионалниот натпревар.

Честитки за кандидатите и нивните ментори.

  • Ученици од прва година: Вања Ѓорѓиоски и Марко Кузевски, трета награда, под менторство на професорката Кети Ефремоска Наумоска.
  • Ученици од втора година: Михаела Богевска, втора награда и Тамара Николоска, трета награда, под менторство на професорката Панде Грабулоска Танеска.
  • Ученици од трета година: Ева Петреска, втора награда, под менторство на професорот Златко Костадиноски и Ана Јованоска, трета награда, под менторство на професорот Маринко Шлакески.

Гимназијалци, со среќа на регионален!!!


Објавено на: 24-03-2026

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија