По повод Денот без автомобили – 22 септември, учениците од училишниот Еко клуб одржаа презентација со цел да ја подигнат свеста кај своите соученици за значењето на заштитата на животната средина.

На презентацијата беше истакнато негативното влијание на автомобилите врз загадувањето на воздухот и важноста од користење алтернативни начини на транспорт, како што се пешачењето и возењето велосипед. Учениците споделија интересни информации и совети за тоа како секој од нас може да придонесе за почиста и поздрава околина.




Со оваа активност, членовите на Еко клубот испратија важна порака: „Помалку автомобили, почист воздух и поздрава иднина!“
Преку ваквите активности, учениците покажуваат дека и со мали чекори можеме да направиме голема промена за нашата планета.
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026