
ФРАНЦУСКА ВЕЧЕР
Театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 09.03.2015


Погледни повеќе за настанот >>
ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „Un métier peut en cacher un autre“
(прво место)
Младински културен центар Скопје, 19.03.2016


Погледни повеќе за настанот >>
ФРАНЦУСКА ВЕЧЕР ПОСВЕТЕНА НА ЕДИТ ПИАФ
Театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 22.03.2016


Погледни повеќе за настанот >>
СО ФРАНЦУСКА ДРАМА ВО БУГАРИЈА
Стара Загора 14-17.04. 2016

Погледни повеќе за настанот >>
МУЗИЧКА ДРАМА НА ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК „БОГОРОДИЧНАТА ЦРКВА ВО ПАРИЗ“
Театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 09.03.2017


Погледни повеќе за настанот >>
МУЗИЧКА ДРАМА НА ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК „БОГОРОДИЧНАТА ЦРКВА ВО ПАРИЗ“
Македонски народен театар - Скопје 26.03.2017


Погледни повеќе за настанот >>
ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНИ ДЕЛА ПО ПОВОД МЕСЕЦОТНА ФРАНКОФОНИЈАТА
Изложбен простор - Дома на културата „Мерко Цепенков“ - Прилеп 07.03.2018


Погледни повеќе за настанот >>
СО „ЛОРА“ НА ФРАНКОФОНСКА ВЕЧЕР ВО СКОПЈЕ
Салон 19:19 - Скопје 23.03.2018


Погледни повеќе за настанот >>
КНИЖЕВНА СРЕДБА СО САРА ЖИСЛЕР
Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, 12.03.2019

Погледни повеќе за настанот >>
ПРОСЛАВА НА ФРАНКОФОНИЈАТА ВО ПРИЛЕП
20.03. 2019

Погледни повеќе за настанот >>
ФЕСТИВАЛ НА СРЕДНОШКОЛСКИ ФРАНКОФОНСКИ ТЕАТАР
Мостар, Босна и Херцеговина, 9-10.05.2019
Во рамките на одбележувањето на месецот на Франкофонијата, во училиштето беше подготвена и премиерно изведена тетарската претстава „Желбите на демократијата“.

Истата претстава беше одиграна и на мостарскиот фестивал за средношколски франкофонски театар.


Погледни повеќе за настанот >>
ГИМНАЗИЈАЛЦИ ЗА ДЕНОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА
Прилеп, 22.03.2023

Погледни повеќе за настанот >>
ЕЛЕКТРОНСКИ ВЕСНИК НА ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК
22.03.2024

Погледни повеќе за настанот >>
Во нашата Гимназија, многу често се одржувале најразлични настани и имало различни активности на учениците со кои се негувале и промовирале францускиот јазик и култура.
Во поново време сите вакви случувања се поврзуваат со името на професорката по француски јазик Мирјана Бошковска.
Мирјана Бошковска во гимназијата доаѓа како професор по француски јазик во 2010 година. Со самото доаѓање професорката со себе донесе многу идеи за реализација со учениците кои го изучуваат францускиот јазик, но исто така таа знаеше да прифати и ученици кои не го изучуваа јазикот но ја сакаат француската култура, за и нив да ги вклучи во активностите.
Покрај менторството на ученици за учество на државните и меѓународните натпревари по француски јазик, професорката Мирјана Бошковска, редовно, секоја година, по повод Месецот на Франкофонијата, секогаш наоѓаше нова форма за одбележување на празникот посветен на францускиот јазик.
Таа не сакаше само формално да се одбележи Месецот на Франкофонијата, туку сакаше секое одбележување да го направи посебно, уникатно, за паметење ... и успеваше во тоа.
Мирјана Бошковска беше одличен идеен креатор, организатор, координатор кој секогаш знаеше да ги направи вистинските чекори за да стигне до успехот и да ги направи среќни учениците, соработниците и посетителите на настаните кои се реализираа. Не ѝ беа туѓи музиката, глумата, ликовната уметност, историјата, литературата ...
Бошковска беше вистински лидер кому не му беше тешко да состави и да води тим од ученици и професори кои беспоштедно ги реализираа зацртаните активности со задоволство, љубов и ведрина.
Професорката Бошковска беше афирматор на францускиот јазик и култура кај учениците, но и промотор на училиштето пред прилепската, македонската и светската јавност. Како член на Здружението на професори по француски јазик во Македонија и со учеството на државните и меѓународните натпревари и фестивали во рамките на одбележувањето на Месецот на Франкофонијата, таа придонесе за нашите талентирани и вредни ученици и нашето училиште да се дознае во државата но и надвор од неа.
Со својот труд, посветеност, одговорност и исполнителност остави длабока трага во образованието во Прилеп и во Македонија.
IN MEMORIAM

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026