Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Проект „Цркви и манастири во Прилеп и Прилепско“
Група ученици изработија проект за црквите и манастирите во Прилеп и Прилепско

цркви и манастирир

Бидејќи на часот по историја учевме за укинувањето на Охридската архиепископија и за средновековни културни остатоци во Македонија, професорот по историја даде предлог за проект на оваа тема. Заинтересираните дигнавме рака и за неколку недели изработивме, за нас прекрасен и многу драгоцен, проект.
Во проектот вложивме многу труд, како екипа бевме сложни и на љубопитен и по малку рекреативен начин истражувавме и научивме многу за околните светилишта кои не опкружуваат.
Разговаравме со жителите на населените места, со монаси и монахињи од кои собиравме податоци кои ни беа потребни за проектот.

За реализацијата на проектот ги посетивме:

  • „Успение на Пресвета Богородица“-Трескавец
  • „Св.Архангел Михаил“-Варош,
  • „Св.Петар и Павле“-Варош,
  • „Св.Кирил и Методиј“-Прилеп
  • „Св. Преображение“ –Прилеп
  • „Св. Благовештение“ -Прилеп
  • „Св.Петка“-Прилеп
  • „Свето Преображение“-Зрзе
  • „Свети Никола“-Обршани
  • „Св.Богородица“-Обршани
  • „Св.Богородица“-Бела Црква
  • „Св.Ѓорѓија“-Пашино Рувци
  • „Св.Илија“-Веселчани
  • „Св.Никола“-Врбјани

Работејќи го проектот прошетавме низ историјата. Се сретнавме со историјата на античка Македонија со материјалните остатоци во црквата „Св.Богородица“ во с.Бела Црква и манастирот „Свето Преображение“ во с.Зрзе. Се сретнавме со средновековието кога го разгледувавме и дознававме за минатото на манастирот „Св.Архангел Михаил“- во Варош. Посетивме и светилишта од денешно време.

Ова истражување, прошетката по населените места и посетата на овие значајни културно-историски споменици ни причинува задоволство и исполнета душа.

 

Проектот го изработија:
Јошеска Марија,
Качороска Александра,
Ефтинџиоска Сања,
Мискоска Елена и
Крстеска Марија
2019/2020 год.


Објавено на: 01-08-2025

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија