МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Ракометарите на врвот

    Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, на државното првенство во ракомет - машки, средни училишта, гимназиската ракометна екипа го освои второто место.

ракометари второ место

   До успехот гимназијалците стигнаа преку двомесечни напорни тренинзи и интензивни подготовки, а активностите не запреа ниту за Велигденските празници.

   Пожртвувано, гимназиските ракометари даваа сè од себе поразувајќи далеку пофаворизирани екипи од нашата и во тешки натпревари победуваа и стигнаа во финалето. На финалните натпревари кои се одржаа денес, силите си ги одмерија четири училишни екипи, од Битола, Скопје, Куманово и екипата од нашето училиште. Во полуфиналниот натпревар нашите ракометари направија вистинска пресвртница поразувајќи ја екипата на „Михајло Пупин“ од Скопје со што обезбедија пласман во финалето каде го освоија второто место.

   Спортските херои кои беспоштедно се вложија и се надминаа себеси во овој голем успек се: Дамјан Талески, Леонид Богданоски, Бобан Вренцоски, Марко Граороски, Давид Ристески, Бојан Стојкоски, Божидар Тодороски, Матеј Зердески, Јован Соколоски, Христијан Црвенкоски, Трајан Дивјакоски, Андреј Бошкоски, Јордан Ангелески, Леонид Качкиноски, Антонио Крстески и Иван Кузманоски.

ракометна екипа второ место

   Ментор на машката ракометна екипа е професорот по спорт Даниел Василески.

   Честитки за ракометарите и благодарност за разбирањето и подршката од директорката, сите професори, РК Прилеп и сите инволвирани во овој долготраен и мачен процес на подготовки кои вродија со успех.


Објавено на: 22 Апр 2025

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија