МК | EN | FR | DE
На 10.02.2025 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа Вториот селекционен натпревар, преку кој се избраа најдобрите четворица ученици кои ќе ја претставуваат нашата држава на претстојната Меѓународна олимпијада по биологија која ќе се одржи во јули на Филипините.
Од нашата Гимназија зедоа учество двајца ученици, Георги Николоски и Ивана Атанасоска, кои се натпреваруваа со најдобрите девет ученици од цела Македонија кои го поминаа првиот селекционен натпревар.
На натпреварот Георги Николоски ученик во трета година имаше најдобри резултати и беше прво пласиран, а Ивана Атанасоска се рангираше на шестото место.
И на двајцата ученици ментор им е професорката Софија Крстеска.

Горди сме на Георги кој ќе биде дел од тимот на претстојната олимпијада по биологија и ќе ја претставува нашата Гимназија на светско ниво.
Му посакуваме успешен настап и да се врати со освоен медал!
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.