МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Нашите математичари повторно меѓу најдобрите

 математика државен натпревар 2025

   Оваа година, како и секоја претходна, ученици од нашата Гимназија учествуваа и остварија одлични резултати на математичките натпревари кои се одржаа по почетокот на второто полугодие.

   Најпрво се одржа Општинскиот натпревар, на 31.01.2025, во просториите на нашето училиште.
   Учествуваа учениците Васил Локвенец, Теодора Ѓорѓиеска, Нина Самарџиоска и Тамара Блажески од прва година, Михаил Ѓорѓиески, Софија Димитриеска, Филип Зографоски и Ева Свеќароска од втора година, Михаил Живковиќ и Ивана Атанасоска од трета година.

  • Васил освои прва награда,
  • Нина освои трета награда,
  • Теодора освои пофалница,
  • Михаил Ѓорѓиески, освои трета награда
  • Софија Димитриеска, освои трета награда
  • Михаил Живковиќ освои прва награда
  • Ивана Атанасоска освои прва награда.

   На Регионалниот натпревар кој се одржа во Прилеп, во Ристе Ристески Ричко, на 15.02.2025 , зедоа учество учениците Васил Локвенец, Теодора Ѓорѓиеска и Нина Самарџиоска од прва година, Михаил Ѓорѓиески и Софија Димитриеска од втора година и Михаил Живковиќ и Ивана Атанасоска од трета година.

  • Васил Локвенец освои трета награда,
  • Теодора Ѓорѓиеска освои пофалница,
  • Михаил Живковиќ освои втора награда и
  • Ивана Атанасоска освои пофалница.

   Тие се пласираа за Државниот натпревар.

   Државниот натпревар по математика се одржа на 07.03.2025, во просториите на ПМФ во Скопје.
   Нашите ученици постигнаа одлични резултати, односно,

  • Васил Локвенец освои втора награда,
  • Михаил Живковиќ втора награда и
  • Теодора Ѓорѓиеска освои пофалница.

   Ментори на учениците им се професорките:

  • Афродита Стефаноска - на учениците од прва година
  • Маријана Спиркоска - на учениците од втора година и
  • Евгенија Нешкоска - на учениците од трета година

    Во пресрет на ММО, која ќе се одржи во Скопје, на 23.03.2025, на која ќе учествуваат Васил и Михаил, им посакуваме многу среќа и успех.

   Горди сме на сите наши математичари!!!


Објавено на: 15 Мар 2025

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија