МК | EN | FR | DE
Гимназијалците во духот на православието, љубовта кон Бога и почитта кон светителот, епископот и учителот Св. Климент, блеснаа со својот дар!
Со свечена духовна академија, на 7 декември, во црковниот храм Св. петка, Гимназијата го прослави и воспеа споменот на патронот на МПЦ, Охридска архиепископија, епископот, книжевникот, просветителот и учителот Св. Климент.
Гимназијалците под менторство на професорите Дарко Ристески и Татјана Ивановска преку поетско-музичко интермецо со духовна тематика, преку претставување на сцени од животот на Св. Климент, интерпретација на Пофалното слово за Кирила, преку хорски изведби на духовни композиции доследно го воспеаја ликот и делото на светителот.
Во изведба на поетски и прозни изведби под менторство на професорот по Македонски јазик и литература, Дарко Ристески учествуваа гимназијалците: Евгенија Димитриоска, Илин Ристески, Леонид Гешоски, Стојче Бозоски, Матеј Филипоски, Елена Јандреовски, Искра Спиркоска, Мила Здравеска, Јована Илиоска, Матеја Илијоска, Ана Цветаноска и Софија Оџаклиеска.
Во изведба на духовните музички композиции под менторство на професорката Татјана Иваноска, настапија гимназијалците: Михаил Ристески, Кирил Младеноски, Ева Андрееска, Илина Трпаноска, Тамара Јошеска, Јована Тодороска, Aнгела Петреска, Наталија Тодороска, Љубена Секулоска, Теодора Римческа, EленаДамеска, Софија Настоска, Кирана Иваноска, MиаТрајкоска, Тамара Блажески, Сара Блажески, Теодора Tасеска, Матеа Блажеска, Матеја Блажеска, Стефан Талески, Петар Граороски, Вилијам Нунески, Никола Бојкоски и Ана Јованоска.
Храмот се исполни со благодат преку емоциите што ги пренесоа гимназијалците врз многубројната публика, меѓу која беа присутни заменик-градоначалникот на Општина Прилеп, Диме Бозоски, претседателот на Советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска-Локвенец, советници, професори, родители и ученици.
Духовната академија заврши со Господовата молитва, Оче наш, кога сите присутни станаа и ги поздравија гимназијалците.
Настанот заврши со изразување благодарностод старешината на храмот, протоереј Љупче Петрески за соработката со Гимназијата. Исто така, тој додели благодарници на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, на професорите ментори и пофалници и скромни подароци на сите учесници. Тој изрази голема благодарност за соработката и ја повика образовната заедница на Прилеп на заеднички труд за зачувување и негување на духовното и културното наследство.
Благодарејќи му нему, на големиот светител, доследно се потсетивме и го прославивме неговото битисување и жртва за нашето културно, верско, јазично и национално издигнување и постоење!
Настанот беше поддржан и од директорката на училиштето, Весна Михаиловска.
Благодарност упатуваме и до г. Кирил Јандреовски, кој финансиски го поддржа овој настан.
Фотографија:
Сара Атанасоска
Михаил ЈанкоскиКатерина Николоска
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.