МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

На Светскиот ден на детето, промоција на
ученикот правобранител

   На ден 20 ноември по повод Светскиот ден на детето во холот на гимназијата се одржа промоција на ученикот правобранител, Софија Настоска и нејзините заменици, Георги Николоски, Петар Ангелески и Филип Николоски.

претседателката на УП   „Детството е симбол на безгрижност и слобода, а детето извор на светлина. Во светот на возрасните децата се инспирација за промени.Секое дете има право на детство во безгрижен свет, има право на детство кое ќе го памети по убавото во него”

... беа некои од зборовите со кои што правобранителот го отвори овој настан.

    Преку скромна програма правобранителот ни ја доближи својата улога и мотивација со која што ќе се води понатаму. Потоа учениците ги запознаа накратко присутните со правата на децата и нивните одговорности и потсетија кои се основните чувства кои треба да владеат во училишната заедница.

публиката гости во холот

   Програмата беше дополнета со две музички изведби на ученичките Миа Трајкоска и Кирана Иваноска, под менторство на професорката по Музичка уметност Татјана Ивановска.

песна песна

   Настанот заврши со една мала активност со која што учениците запишаа свои неостварени желби, кои одлучивме да ги зачуваме и прочитаме наредната година.

желби

   НЕКА Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО!


Објавено на: 21 Ное 2024

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија