МК | EN | FR | DE
Гимназијалецот Петaр Мирчевски на светската олимпијада по хемија освои сребрен медал.

На 56-тата Интернационална Олимпијада по хемија (IChO 2024) која оваа година се одржа во Ријад, Саудиска Арабија од 21 до 30 јули учествуваа околу 350 натпреварувачи, средношколци, од околу 90 држави од целиот свет. Меѓу нив беа и македонските ученици Петар Мирчевски од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, Елена Живаљевиќ од ПСУ „Јахја Кемал“ Скопје, Марио Ванчоски и Иван Костевски од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ Штип, кои успешно ја претставија Македонија освојувајќи два медала.

Натпреварувањето го сочинуваа два дела: Практичен (експериментален) дел во кој учениците се натпреваруваа на 24 јули и теоретски дел на 26 јули. Двата дела содржат комплексни задачи и траат по 5 часа.
Нашиот гимназијалец Петар Мирчевски освои сребрен медал, а Марио Ванчоски освои бронзен медал.

Овој успех Петар Мирчевски, ученик во гимназијата „Мирче Ацев“ е втор голем успех на светските натпревари. Минатата година Петар на 55-тата интернационалната олимпијада во Цирих, Швајцарија освои бронзен, а оваа година година постигна поголем успех со овоениот сребрен медал.
Училишен ментор на Петар му е професорот Блаже Димески.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.