МК | EN | FR | DE
Една од приоритетните задачи во училиштето е реализација на Програмата за унапредување на менталното здравје на учениците во училиштето.
Целта на оваа програма е грижа на училиштето за подобрување на менталното здравје и добросостојбата кај учениците-адолесценти во воспитно образовниот процес.
Во месец септември отпочна реализацијата на работилниците кои се поврзани со грижата за менталното здравје на учениците.
На 30.09.2024г се реализира работилницата Развивање на свесноста за сопствените емоции. Опфатени беа активности поврзани со темата „Емпатија и сочуствување“ При реализацијата учениците покажаа посебен интерес, активно соработуваа и учествуваа во активностите, покажаа добри знаења за сопствените емоции, за сопствената емоционална состојба, да препознаваат емоции кај другите да умеат да се разбираат меѓу себе и да бидат разбрани во нивната емоционална состојба во средината.
Реализатори на овие работилнички активности се членовите на стручната служба педагогот Светлана Барлакоска и социологот Евда Спиркоска со поддршка на директорот Весна Михаиловска и класните раководители.






Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.