МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Прва награда по биологија

   На 30.11.2024 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје беше одржана манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката 2024“. Главен организатор на манифестацијата е Сојузот на математичари (СММ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ), а во реализацијата беа вклучени и Македонското биолошко друштво, Македонското географско друштво, Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, Македонското еколошко друштво и Скопското астроносмско друштво.

прво биологија

   На натпреварот под мотото „Истражувај, експериментирај и откриј нови светови!“ зеде учество и нашиот ученик Георги Николоски од III 4 клас. Георги ја освои првата награда со експериментот од областа на биологијата „Ефектот на млечно-киселите бактерии врз растот и развојот на растенијата“ под менторство на професорката Софија Крстеска.

прва награда по биологија Георги и менторот Софија

   Георги е ученик кој во континуитет ги освојува првите места на државните натпревари, а воедено е и кандидат за Олимпијадата по биологија и Олимпијадата по хемија.

   Му посакуваме големи успеси и во идните натпреварувања!


Објавено на: 03 Дек 2024

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија