МК | EN | FR | DE

На 16.9.2024 година во претседателскиот кабинет се одржа прием на македонските учесници на научните олимпијади. Меѓу најуспешните беа и прилепските гимназијалци - олимпијците Петар Мирчевски, Ивана Атанасоска и Благој Рујаноски – Стојановски, кои успешно ја претставија гимназијата, Прилеп и Македонија на овие големи светски натпреварувања.



Претседателката и министерката за образование и наука им се обратија на учениците посакувајќи им уште поголеми успеси во иднина и ветувајќи дека ќе се обрне повеќе внимание на учесниците на научните олимпијади.
За потсетување:
Петар Мирчевски освои сребрен медал на Светската олимпијадата по хемија во Ријад, Саудиска Арабија.

Ивана Атанасоска во Пекинг, Кина, освои два бронзени медали на Светската олимпијадата по геонауки

Благој Рујаноски – Стојановски доби пофалница на Светската олимпијадата по информатика што се одржа во Александрија, Египет

Училишни ментори на учениците им се Блаже Димески - професор по хемија, Виолета Проскоска Велкоска- - професорка по географија и Анета Стојческа - професорка по информатика.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.