МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Кој ако не ние?

   На 13 ноември, во просториите на гимназијата, се одржа инспиративна панел дискусија на тема „Кој ако не ние“, организирана од ученичкиот парламент на гимназијата.

кој ако не ние -панел дискусија

   Во публиката имаше ученици, професори и родители, од нашето и од останатите средни училишта во градот.

публика

   Во дискусијата учествуваа панелисти со различни ставови и искуства. Панелисти беа професорите по филозофија Јане Ѓорески и Рубинчо Матески, професорот по македонски јазик Дарко Ристески, како и учениците Марија Јованоска, Елена Јандреовска и Филип Темелкоски.

матески на панел дискусија ѓорески на панел дискусија

 

Дарко на панел дискусија кој ако не неие панел дискусија

активност на публиката

   Модератор на дискусијата беше Евгенија Димитриовска.

   Настанот имаше цел да поттикне дискусија за важни прашања кои ги засегаат младите во современото општество. Низ дискусијата се отворија прашања од суштинско значење за активизмот меѓу младите: Зошто младите не се активираат во решавање на проблемите; Како поединецот може да биде двигател на позитивни промени во општеството.
Меѓу најчесто поставуваните прашања меѓу присутните беше „Зошто не почнеш ти?“, кое ги предизвикуваше присутните да размислат за сопствената улога во заедницата.

   Дополнително, се разговараше за влијанието на возрасните врз младите, важноста на образованието и едукацијата за создавање активна младина која е подготвена да носи промени.

   На крајот од дискусијата, учесниците се задржаа на мислата дека промената започнува од секој поединец и дека младите мора да се охрабрат и да преземат иницијативи.

   Настанот заврши со читање на извадок од драмскиот текст „Лет во место“, кој ги поттикна присутните на размислување и ги остави со порака да се запрашаат „Кој ако не ние?“

   Оваа дискусија заврши со „три точки“, симболизирајќи дека разговорот не завршува тука.

   Настанот постави темели за идни дискусии и активности, кои ќе продолжат да се развиваат и прошируваат во иднина, со цел да побудат активизам меѓу младите во заедницата.

модератори

   Иницијативата за овој настан беше на учениците Евгенија Димитриовска, Софија Димитриевска и Софија Настоска, со поддршка и координација од професорката Емона Јованоска.


Објавено на: 15 Ное 2024

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија