МК | EN | FR | DE

Околу 50 ученици од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп кои ги изучуваат италијанскиот јазик и културата и драмски уметности заедно со професорката Габриела Пацаноска го посетија меѓународниот фестивал за краткометражни филмови „Winter Apricots Festival“, што се одржа во Прилеп од 14 до 16 декември.
Италијанската амбасада учествуваше со ревија на италијански краткометражни филмови доделени од Италијанскиот Центар за краткометражен филм од Торино, како дел од специјалната програма насловена „Италијанска колекција на кратки филмови“.
Ревијата на италијански кратки филмови ја отвори Заменикот шеф на мисија, д-р Марио Де Роза.



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.