МК | EN | FR | DE
Од 25 до 29.11.2023 год. во Струмица, се одржа XVI Младинска балканска олимпијада по информатика.
На олимпијадата се натпреваруваа 64 натпреварувачи од 13 држави. Меѓу нив, како еден од претставниците на Македонија беше и нашиот ученик Благој Рујаноски Стојановски.
Благој освои бронзен медал.
Браво за Благој!



Училишен ментор на Благој му е проф. Анета Стојческа, а подготвувач и водач на македонската екипа на олимпијадата беше д-р Емил Станков од ФИНКИ.
Традицијата на постигнување на високи успеси по информатика продолжува. Нашите ученици информатичари секогаш се на врвот.
Фотографии:
Официјална Facebook страница на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ)
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.