
На XXVI –тиот Државен натпревар по Информатика (област програмирање) што се одржа на 28.03.2015 година во просториите на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство во Скопје, учествуваат двајца ученици од нашата Гимназија. Под менторство на професор Анкица Стеваноска Јанческа, тие успешно го претставија нашето училиште и ја продолжија традицијата на постигнување на високи резулати.
1) Маркоски Марко - ученик во III – 8 клас – освои II (втора) награда
2) Николоски Стефан – ученик во IV - 8 клас – доби пофалница за успешно учество и стипендија за бесплатно студирање на ФИНКИ
Двајцата ученици ќе учествуваат на XIX – тата Македонска Олимпијада по Информатика, што ќе се одржи во Скопје на
17-18.04.2015 година.
Објавено на 29.03.2015
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци