На 24.05.2015, на Државниот натпревар на хорови кој се одржа во Кавадарци, во I категорија - мешани хорови, нашиот гимназиски хор го освои првото место. Хорот ги изведе композициите ,,Chi la gagliarda" од Baldasare Donato како задолжителна и „Тебе Појем" од Стеван Мокрањац.
На 22.05.2015, на Државниот натпревар на оркестри кој исто така се одржа во Кавадарци, во I категорија, нашиот гимназиски оркестар кој брои 25 ученици го освои второто место. Оркестарот настапи со изведбите на „О Јано, Јано“ и "Take Five" во аранжман на Тања Ивановска.

Раководител и диригент на хорот и оркестарот е професорката по музичка уметност М-р. Татјана Ивановска. Под нејзино водство, победите и успешните настапи на нашиот хор и оркестар на многу натпреварувања години наназад, стануваат традиција за нашето училиште.
Објавено на 26.05.2015
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци