
На триесет и осмиот регионален натпревар по македонски јазик и литература кој се одржа на ден 04.04.2015 во основното училиште „Блаже Конески“ во Прилеп свој претставник имаше и СОУ Гимназија „Мирче Ацев“. Во конкуренција на учениците од средните училишта од општините Прилеп, Битола, Македонски Брод и Демир Хисар, нашата ученичка од трета година Бисера Мицеска, освои 90 поени и го освои првото место на натпреварот.
Со тоа Бисера обезбеди учество на државниот натпревар кој ќе се одржи на ден 09.05.2015 во Македонски Брод.
Ментор на Бисера Мицеска е професорот по македонски јазик и литература Мартин Наумоски.
Објавено на 08.04.2015
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци