МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Говорете македонски – пишувајте со кирилица

 

   21 Февруари е Меѓународен ден на мајчиниот јазик. Од 2000 година, овој ден е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

   Веќе тринаесет години со ред ( од 2012 г.), Гимназијалците на најразлични начини го одбележуваат овој ден со што даваат значаен придонес кон подигнувањето на свеста кај младите луѓе за важноста на мајчиниот јазик.

На Денот на мајчиниот јазик 25

   Оваа година дванаесет ученици од прва година под менторство на проф. Емона Јованоска ја продолжија оваа долгогодишна традиција. Под мотото „Говорете македонски – пишувајте со кирилица“, тие, посетувајќи го секој клас во училиштето споделија поважни факти за нашиот мајчин јазик и им укажаа на своите соученици на најчестите јазични грешки.

На Денот на мајчиниот јазик

   Нивниот настап беше динамичен, информативен , интересен и го задржа вниманието на учениците, а и на професорите.


Објавено на: 22 Фев 2025

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија