МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Гимназијалки на едукативна работилница во Петница, Р.Србија

 

petnica makedonija

   Штотуку започна во реализација јубилејната триесет и петта сезона на зимски семинари во Истражувачката станица – Петница, Република Србија, за талентирани средношколци кои се заинтересирани за природни, математички и општествени науки.

   Оваа година вистинска прилика им се укажа на две ученички од нашата гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп да бидат дел од организираните едукативни работилници во Петница во областа на хемијата.

   Ученичките Елена Ангелеска и Ивана Дукоска беа избрани  за учество во работилницата заедно со свои врсници од различни земји како Србија, Словенија, Хрватска, Црна Гора...   Со тоа тие беа претставници на нашето, училиште, нашиот град и нашата држава.

   Како учеснички на семинарот по хемија, тие успеаа да стекнат многу нови знаења од областа на хемијата и нејзината практика во секојдневниот живот преку работилници, вежби, кампови, дружење и едукација на повисоко ниво.

   Гимназијалките Елена и Ивана се одлични ученички кои овие стекната искуства ќе ги споделат со своите соученици од Гимназијата и ќе продолжат да напредуваат во областа на хемијата.

 


Објавено на: 24 Мар 2017

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија