МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Успеси по информатика

 

успеси по информатика

   Регионалниот  натпревар по информатика – област програмирање се одржа на 04.03.2017  год. во Скопје во просториите на ФИНКИ.
На натпреварот учествуваат 150 ученици од сите основни и средни училишта во Р. Македонија.
Од нашето училиште награди освоија:
1.    Горазд  Илиески од II-1  клас - трета  награда
2.    Стефан Димески од III-7 клас - втора награда
3.    Андреј  Мрчески од III-7 клас - трета  награда
4.    Владимир Стојчески од IV-9 клас доби пофалница за успешно учество
   Ментор: проф. Анкица  Стеваноска Јанческа
   Овие ученици се поканети да учествуваат и на Државниот натпревар по информатика што треба да се одржи на 01.04.2017 г.

 

Покрај овие, нашите ученици постигнаа успеси и на CodeCUP 2017 – националниот натпревар во програмирање за средношколци

   Натпреварот се одржа на 11.03.2017 год. на факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) од Битола. За натпреварот ФИКТ соработува со компаниите Seavus и InterWorks.
   Националниот  натпревар во програмирање CodeCUP 2017, се состоеше во изработка на софтверска апликација. На него учествуваа 60 тимови од средните училишта во Р. Македонија. Од СОУ Гимназија „Мирче Ацве“ Прилеп под менторство на проф. Анкица Стеваноска Јанческа  учествуваа:
1.  Милески Димитар од IV-8  клас кој со својот проект „Платформа за споделување и уредување слики и 3D проекти“  го освои третото  место со што доби и ослободување од партиципација за првата година студирање на ФИКТ факултетот
2.  Спиркоска Елена од IV-9 клас со проектот „Едукативна web страна  за изработка  на видео“ доби сертификат за успешно учество
3.  Милошеска Ангела од II-6 клас со проектот „Keep in Touch- web страна за филмови и книги“  доби сертификат за успешно учество

informatika - natprevar


Објавено на: 15 Мар 2017

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија